Превртено возило на новоотворениот булевар „Васко Карангелевски“ во Аеродром (Фото)


Граѓаните утринава се сведоци на уште една страшна сообраќајна несреќа и превртено возило на новоотворениот булевар „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром во близина на воениот базен, односно пред ООУ „Љубен Лапе“.

Засега нема потврда од МВР, ниту се знае дали и колку лица се повредени. Повеќе информации очекувајте подоцна.

Инаку овој булевар пред неколку недели по подолго време Град Скопје конечно го пушти за сообраќај откако градот ја заврши реконструкцијата и истиот претсавува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром.

Новата улица, односно булевар „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром е во непосредна близина на ОУ „Љубен Лапе“, па затоа има голем број реакции од родителите дека поради недостатокот на сообраќајници знаци ова е нова „црна точка“ во сообраќајот во овој дел од општината.