Превртено возило на дваесетина километри од македонско-грчката граница

На социјалните мрежи е објавено видео од превртено возило на автопатот А1. Според првичните информации возилото се превртило на дваесетина километри пред граничниот премин кон Грција „Богородица“.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а очекуваме детали од МВР.

Сообраќајот се одвива само во една лента, а полициски службеници го регулираат. Екипа на Брза помош е на самото место на настанот.

Претходна вестАнализа од 48 мерни места: Скопската вода е добра за пиење
Следна вестАвтомобил удрил во ограда и се превртил, на неколку километри пред граничниот премин „Богородица“