ПОПОСКИ – КАПАЦИТЕТ ЗА КОМПЈУТЕРИ

ОУ „Рампо Левката

Mentorot Ilijoska so komjuterdzijata PoposkiДеветтоодделенецот Бранислав Попоски од ОУ „Рампо Левката“, изработувајќи веб сајт за училиштето, освои второ место на државниот натпревар Народна техника во компјутерска техника. Користејќи ја апликацијата “asp.net vizual studio 2012”, создаде катче на интернет каде преку навигација пласираше информации за училиштето, за наставниот кадар, настани и брзи линкови.

Покрај возраста, освен за програмирање, се снајдува и со Ц+. Почнал да пробува и со јава скрипт. Затоа, за веб страницата дури и не му требало помош. Менторот Тања Илијоска му давала само насоки за усовршување. 

– Бранислав направи голем чекор, оти ретко кој почнува со програмските јазици од толку мали нозе – додава Илијоска.

Не е исклучено, проектот на Попоски, кој е хостиран на серверот www.rampolevkata.qshapps.net, да биде и официјална страница на училиштето.

Претходно, на регионалниот натпревар, под менторство на Илијоска, Марија Ристеска од 8-а освои второ место за фототехника. 

Облека и обувки за СреЌен Велигден

ОУ “Рампо Левката” успешно организира еднонеделна хуманитарна акција, насловена, “За среќен Велигден на сите деца”. Собраната облека и обувки, но и играчки, училиштен прибор и хигиенски средства, беа донирани во Црвениот крст.

Ќе ги израдуваат и децата од Ѕуница со вапсани велигденски јајца. 

{AG}400/rampo{/AG}

Loading